Биро за Судски Вештачења

Понуда за деловна соработка

 

Почитувани,
Светските трендови во денешните глобални текови наложуваат брзо и ефикасно услужување во сите деловни сфери, па така и во сферата на вештачењето. Бирото за судски вештачења ја има изградено својата супериорна позиција со повеќе децениска работа (почнувајќи од 1977 година), традиционално и постојано усовршување на работењето давајќи достапни услуги како што се вршење вештачења, супер вештачења, експертизи и проценки од наразлични области.
Со висок професионализам и посветеност во работата, Ви овозможуваме преку презентации и стручни консултации да се запознаете со опсегот на нашите услуги, што понатаму се надеваме ќе прерасне во деловна соработка.
Биро за судски вештачења како орган на државната управа е стручна установа која успешно, ефикасно и надлежно извршува вештачења, супервештачења, експертизи, и проценки од следниве области и тоа:

 
v      Материјално- финансова 
v      Градежно-архитектонска
v      Сообраќајно-машинска
v      Електро-техничка
v      Агрономија
v      Геодезија
v      Графологија
v      Земјоделство
v      Машинство
v      Геологија
v      Медицина
v      Ветеринарство,храна
v      Психологија,психијатрија
v      Информатика
v      и др.

 

 

 

 
Материјално-финансиски вештачења - вештачења, тимски вештачења, супер вештачења од областа на даночниот систем, сметководственото работење, девизно и царинско работење, банкарски систем, должничко-доверителски односи и др.

Сообраќајно-машински вештачења - изготвување на вештачења и супер вештачења во областа на сообраќајот, машинството, електротехниката, информатиката и др.

Градежно-архитектонски вештачења - изготвување вештачења и супер вештачења, вршења на проценка на имот на стопански субјекти при нивна регистрација, трансформирање или во тек на стечајни постапки и др.


Бирото за судски вештачења покрај редовно вработените лиценцирани(вешти лица), располага и со надворешни соработници од различни области од редот на универзитетски професори, асистенти и други високо стручни лица.

Во врска со изнаоѓањето на соодветни решенија за изготвување наод и мислење за определените области од страна на вештите лица, Бирото располага и со современа компјутерска опрема и софтвер за пресметка на камати од најсовремен тип.Во рамките на многуте компјутерски апликации,располага со лиценциран PC CRАSH 8.3 3D софтвер единствен од ваков тип во државата за вештачење на сложени сообраќајни несреќи,исто така и отчитување на податоци од дигитални тахографи како современо технолошко решение.

Според постојната евиденција на Бирото, секоја година дијапазонот на судските вештачења се движи од 1500 до 1700 предмети, од коишто 67,5% од кривично-правната област со најсложен обем на вештачење, а останатите учествуваат со 32,5% со тенденција на постојан пораст.
Според досегашното искуство, во Бирото предметите ги вештачиме со најголема професионалност и стручност, задоволувајќи гиопштите и заедничките деловни потреби на клиентите, без забелешки со можност за перманентна деловна соработка.
Приоритети и цели на Биро за судски вештачења во иднина се: користење на најнови методи за вештачење, користење на најсовремена технологија, користење експретиза во различни области, формирање на едукациски центар за вештачење и експертиза.
 
Согласно измените и дополнувањата на законот за парнична постапка (Службен весник 116/2010) се овозможува да странката во постапката може да достави изготвено вештачење односно стручен наод и мислење како доказ во судската постапка.За таа цел ви стоиме на располагање за извршување на вештачења за вашите потреби.
Доколку сте заинтересирани за соработка  и добивање на дополнителни информации од бирото, можете да не контактирате на:
 

Телефон: 075/402-176                                                                                                                               
E-mail:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
 
 
ВЕШТАЧЕЊЕТО, КЛУЧ ЗА ЕФИКАСНАТА РЕАЛИЗАЦИЈА
                                          www.bsv.gov.mk
 
 
Д И Р Е К Т О Р
Дени Ѓорчевски

 

Инфо Линија

Наш контакт

БИРО ЗА СУДСКИ ВЕШТАЧЕЊА
ул. Железничка бб, Скопје, Р. Македонија
  тел. : 02 3238-553
Факс : 02 3113-663

Контактирајте со нас

Инфо линија

Инфо линија

Контактирајте со директорот

Контактирајте со директорот на бирото за судски вештачења, 

Контакт со директорот

Линкови