Биро за Судски Вештачења

За нас

 

            Бирото за судски вештачења, како орган во состав на Министерството за правда е основано со Законот за основање и работа на Републичкиот завод за судски вештачења во областа на финансиите,теријалното работење и сообраќајот ("Службен весник на СРМ" бр 9/77) и истото континуирано од 01.04.1979 година.
            Потребата  неговото формирање од страна на сите правосудни повикани органи и институции  во утврдувањето на фактичката состојба од стручен аспект во постапките пред судовите единствен специјализиран буџетски орган кој врши>          
  • вештачења
  • експертизи
  • супер вештачења како второстепен орган по веќе изготвени наоди и мислења од други приватни агенции и вешти лица, а начело на двостепеност го пропишува и гарантира Уставот на Република Македонија. 

Во текот на 30 годишното функционирање, а во зависност од системските промени и промените нзаконската регулатива, Бирото претрпе промена во неговото име, но не и во предметот на работа вештачењ од областа на:

- финансиско-материјално работење (вештачења од областа на даночниот систем, сметководственото работење, девизното и царинското работење, надворешно-трговското работење, изготвување на експертизи и супер вештачења за потребите на судовите и за други баратели)
 
- градежништвото и архитектура  (изготвување наоди и мислења по извршени вештачења и супер вештачења, вршење на проценка на имот на стопански субјекти при нивна регистрација, трансформирање или во тек на стечајни постапки, вршење надзор при изградба на инвестициони и други објекти) 

- сообраќај и машинство  (изготвување на вештачења и супер вештачења од областа на сообраќајот, машинството, електротехниката, изготвување на елаборати и експертизи за потребите на судовите и други баратели, вршење на проценка на возила, вршење на реконструкции на лице место по сообраќајни незгоди)

-електротехниката 
-земјоделието 
-сточарството 
-шумарството 
-пчеларството 
-геологијата 
-хидрогеологијата 
-геодезијата 
 
како и проценки на: 
 
- вредноста на претпријатијата со општествен капитал 
- капиталот (основната главнина) на трговските друштва 
- возила, згради, ниви, шуми
- опрема
- индустриски градежни објекти
- драгоцени метали
- секаков вид на движен и недвижен имот
- вредноста и утврдување надомест за денационализиран имот
- вредноста на имот на правни и физички лица

Своето успешно долгогодишно изготвување на вештачења, супер вештачења, ревизии и проценки од повеќе области, Бирото за судски вештачења го изгради својот државен орган значаен сегмент во правосудниот систем на државата, извршувајќи ја компетентно и стручно својата функција како сервис на судовите, обвинителствата, граѓаните и другите баратели а овој вид услуги.
Во Бирото за судски вештачења согласно актот за систематизација, работите и задачите ги извршуваат вкупно 2 вработени државни службеници, од кои 1 вешти лица - советници и раководители по предметните области, организирани во два сектори и одделенија            Кривичен сектор со две одделенија: 
  • Одделение за материјално-финансиски вештачења; 
  • Одделение за градежно-архитектонски вештачења.
Парничен сектор со две одделенија:
  • Одделение за сообраќајно-машински вештачења; 
  • Одделение за нормативно-правни и стручно-административни работи.
  • Одделение за финансиски прашања
Според постојната евиденција на Бирото секоја година изнесува од 1300 до 1500 предмети, (со тенденција на постојан пораст) од кои67,5 % се кривични предмети, а останатите предмети учествуваат со 32,5%.
 
 
 
Бирото за судски вештачења нуди комерцијални услуги за вештачење на сообраајни незгоди на територијата на Р. Македонија Вештите лица од БСВ со помош на детална анализа го даваат своето стручно мислење за причините поради кои е настаната сообраќајната незгода, како и утврдување на придонесот на секој учесник во истата.
 ГРАДЕЖНО АРХИТЕКТОНСКИ ВЕШТАЧЕЊА
Изготвување наоди и мислења по извршени вештачења и супер вештачења вршење на проценка на имот на стопански субјекти при нивна регистрација
 


 

 

Инфо Линија

Наш контакт

БИРО ЗА СУДСКИ ВЕШТАЧЕЊА
ул. Железничка бб, Скопје, Р. Македонија
  тел. : 02 3238-553
Факс : 02 3113-663

Контактирајте со нас

Инфо линија

Инфо линија

Контактирајте со директорот

Контактирајте со директорот на бирото за судски вештачења, 

Контакт со директорот

Линкови