Бирото за судски вештачења, како орган во состав на Министерството за правда е основано со Законот за основање и работа на Републичкиот завод за судски вештачења во областа на финансиите, материјалното работење и сообраќајот
Одделение за материјално-финансиски вештачења - вештачења од областа на даночниот систем, сметководственото работење, девизното и царинското работење, надворешно-трговското работење, изготвување на експертизи и супер вештачења за потребите на судовите и за други баратели
Одделение за нормативно-правни и стручно-административни работи -работи од областа на нормирање и донесување на акти потребни за институцијата, организирање и востановување на архивското работење.
Одделение за сообраќајно-машински вештачења - изготвување на вештачења и супер вештачења од областа на сообраќајот, машинството, електротехниката, изготвување на елаборати и експертизи за потребите на судовите и други баратели, вршење на проценка на возила, вршење на реконструкции на лице место по сообраќајни незгоди
Одделение за градежно-архитектонски вештачења - изготвување наоди и мислења по извршени вештачења и супер вештачења, вршење на проценка на имот на стопански субјекти при нивна регистрација, трансформирање или во тек на стечајни постапки, вршење надзор при изградба на инвестициони и други објекти
Светските трендови во денешните глобални текови наложуваат брзо и ефикасно услужување во сите деловни сфери, па така и во сферата на вештачењето.
БИРО ЗА СУДСКИ ВЕШТАЧЕЊА
ул. Железничка бб, Скопје, Р. Македонија
тел. : 02 3238-553
Факс : 02 3113-663

Контактирајте со директорот на бирото за судски вештачења,
![]()
![]()
![]()
![]()